Connect with us

Фудбал

Мусиала потпиша, клаузула од 175 милиони евра!

Џамал ​​Мусиала, 21-годишниот офанзивен играч за врска на Баерн Минхен, го продолжи договорот со баварскиот гигант до 2030 година.

Како што објави познатиот новинар Кристијан Фалк, Мусиала според новиот договор ќе заработи неверојатни 25 милиони евра. Сепак, интересна е излезната клаузула која е дел од новиот договор, според која Мусиала може да го напушти Баерн за 175 милиони евра.

Неговиот претходен договор со Баерн беше со важност до 30 јуни 2026 година, а преговорите за нов договор претходно наидоа на пречки околу прашањето за откупната клаузула.