Муслиу: Само со тимска одбрана и тимски дух може против силните

Македонија следниот натпревар го игра против Холандија на 21. јуни во 18:00 часот, во Амстердам. Холандија е првопласирана во групата со две победе, додека Македонија има два порази, пред овој натпреар.
Висар муслиу смета дека, со тимската одбрана и дух може да се игра против силните екипи.
Според стоперот Муслиу, фудбалерите мора да огиграат максимално од почетокот до крајот, односно сите 90 минути.
„Разочарани сме од резултатите, зашто сакавме од добрата игра да извлечеме подобри резултати, но очигледно тоа не беше доволно. Сепак, мотивирани сме зашто играме за Македонија, а секако дека имаме што да кажеме и на овој последен меч. Сега се најдевам дека конечно и среќата, а и мечот, нашата игра ќе бидат на наша страна за добар резултат. Знаеме која е Холандија, знаеме сите за јвалитетите на оваа земја, за тоа како играат, за техничкиот фудбал, но ако сакаме да ги спречиме, ќе мора да играме како што сме играле против големи селекции. Само со тимска одбрана и тимски дух може против силните и фаворитите да извлечеш добар резултат. Таа игра секогаш те става во ситуација на дефанзива, а ние сме спремни да им ги спречиме сите акции, а со контри да ги изненадиме“, вели Муслиу.
„Секогаш има простор за подобрување, но нас тоа што нѐ красеше како тим, како дефанзива, прескапо ги плативме тие ситни грешки. Но, ова е Европско првенство и знаеме дека и најмала деконцентрација се казнува. Сега се надевам дека ќе бидеме на највисоко ниво, а ако сакаме резултат, ќе мора тоа да го направиме – максимално во тек на цел меч да играме“, додава Муслиу.



