SportM
Фудбал

На 28 септември одлука дали Германија или Турција ќе го организира ЕВРО 2024

Д М17 сеп 2018
На 28 септември одлука дали Германија или Турција ќе го организира ЕВРО 2024

Европското првенство во фудбал во 2024 година, ќе се врати со организација на една земја, после 2020 во кое повеќе градови во Европа ќе бидат домаќини на најдобрите селекции на Стариот Континент.

Одлуката за тоа кој ќе го организира Европското првенство ќе падне за 10 дена, поточно на 28 септември во Нион.

Засега Германија е благ фаворит за органзација, со оглед дека последно Европско првенство во оваа земја беше 1988 година, додека Турција никогаш до сега не организирала ниту европско ниту светско првенство.

Доколку победи Германија, тогаш тоа ќе биде организирано во градовите Минхен, Штудгарт, Франкфурт, Келн, Дизелдорф, Дортмунд, Гелзенкирхен, Хамбург, Берлин и Лајпциг. Турција, пак, ги понуди градовите Истанбул, Измит, Бурса, Ескишехир, Анкара, Коња, Анталија, Трабзон и Газиантеп.

Во комбинација за организација беа и „Скандинавските“ Данска, Финска, Норвешка и Шведска, потоа заедничка кандидатура на Естонија и на Русија, како и кандидатура на Холандија, меѓутоа на крајот се решија дека нема да учествуваат во организацијата на ова ЕП.

Извор: ТВ21

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.