SportM
Фудбал

На Алегри му падна мрак на очите – подолга пауза за Даглас Коста

Д М22 сеп 2018
На Алегри му падна мрак на очите – подолга пауза за Даглас Коста

Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста го повреди зглобот во натпреварот против Валенсија, па сега му претстои подолга пауза.

Коста во минатото коло од италијанското првенство го плукна играчот на Сасуоло и поради тоа заработи четири натпревари суспензија, а по само неколку денови заработи повреда во дуелот против Валенција од Лигата на шампионите.

Се очекува дека Бразилецот поради повредата на зглобот ќе паузира околу еден месец, а тоа се нови проблеми за Алегри, кој барем еден натпревар во Лигата на шампионите ќе го одработи без Кристиано Роналдо, кој во Местаља заработи црвен картон.

Сепак, утеха за Старата дама може да бите тоа што има широк ресор и доста квалитетни играчи, но сепак малку тешко ќе го поднеси недостатокот на Даглас Коста.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.