На Дибала му олесни откако беа тестирани членовите на неговото семејство
Д М28 мар 2020

Пауло Дибала беше еден од играчите на Јувентус заразен со коронавирус, но тој сега е во ред.
Дибала е еден од тројцата играчи на Старата дама кои беа тестирани позитивно за коронавирус, а и девојката на Аргентинецот беше заразена.
Како и да е, на Дибала му олесна, затоа што неговите роднини, со кои бил во контакт, биле тестирани негативно за коронавирус.
Дибала призна дека му олесна и дека беше загрижен да не инфицирал некои од луѓето со кои престојувал.
Првиот што се покажа позитивен кај Јувентус беше дефанзивецот Даниеле Ругани, по што следуваше Матуиди, па Дибала, кој пред неколку дена изјави дека првично имал потешкотии во дишењето.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



