SportM
Фудбал

На инсистирање на Нагелсман, Германија има нов капитен

Д М19 окт 2023
На инсистирање на Нагелсман, Германија има нов капитен

Германската фудбалска репрезентација во октомврискиот циклус одигра два пријателски натпревари во Америка како дел од подготовките за Европското првенство на кое ќе бидат домаќини.

Дебитираше новиот селектор Џулијан Нагелсман, САД беа поразени со 3:1, додека мечот со Мексико заврши со резултат 2:2.

По овие дуели Нагелсман реши да го смени капитенот на репрезентацијата и му ја даде лентата на играчот од средниот ред на Барселона, Илкај Гундоган, кој го импресионираше на оваа мини-турнеја.

Претходниот капитен беше Мануел Нојер, но тој одамна не е на теренот, бидејќи минатата година за време на зимската пауза заработи скршеница на ногата и дури сега се врати на тренинзите со тимот на Баерн. Кога ќе се врати на голот на Германија, а се очекува да брани на ЕУРО, повеќе нема да биде капитен.

Тренерот Нагелсман изјави дека разговарал со Нојер.

„Точно е, разговарав со Мануел по телефон. Тој добро ја прифати мојата одлука да го сменам капитенот, тој е вистински професионалец“, рече Нагелсман.

Нагелсман ќе биде под голем притисок во наредниот период, бидејќи Германците на домашен терен ги очекуваат титулата европски првак, а прашање е дали имаат тим способен да ја оствари таа цел?

Гундоган оваа пролет како капитен на Манчестер Сити го подигна пехарот посветен на европскиот клупски шампион, па можеби има некоја симболика за Германците…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.