Connect with us

Фудбал

На Кимих сега му стигнува наплатата што не сакал да се вакцинира, дали ќе го смени ставот?

Германскиот шампион Баерн одлучи да не му го исплати на својот фудбалер Џошуа Кимих периодот кој ќе мора да го помине во карантин бидејќи одбива да се вакцинира.

Кимих е еден од петте играчи на Баерн кои се во карантин бидејќи биле во контакт со заразено лице со коронавирус за време на националните натпревари.

Бидејќи не бил вакциниран, Кимих морал да биде ставен во карантин, поради што го пропуштил дуелот Аугсбург – Баерн (2:1) во петокот, а германски Спорт1 пишува дека Баерн конечно решил да го казни германскиот репрезентативец со речиси 800.000 евра.

Кимих неодамна го продолжи договорот со Баерн, според кој ќе заработува 20 милиони евра годишно, но инаетот околу коронавирусот и вакцинацијата сега ќе го чинат нешто помалку од 800.000 евра.

Освен него, вакцинација одбија и Серж Гнабри, Џамал ​​Мусиала, Ерик-Максим Чупо-Мотинг и Мајкл Кусанс.

„Свесен сум, се разбира, за моите обврски, ги почитувам сите хигиенски мерки и се тестирам на два до три дена – секој сам да одлучи. Сепак, јас не сум ниту негатор на КОВИД, ниту антиваксер. Не кажувајте категорично дека воопшто нема да се вакцинирам. Мноу е можно во иднина да се предомислам“, изјави претходно Кимич.

За одлуката на Кимих беше прашан и спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

„Нема да кажам ништо за тоа, сето тоа сам објасни Кимих, но луѓето го знаат нашето мислење и препорака за вакцинацијата. Меѓутоа, во Германија вакцинацијата не е задолжителна и секој може да одлучи сам. Препорачуваме луѓето да се вакцинираат за да се овозможи секој понормален живот, но тоа е приватна работа“, рече Салихамиџиќ.

Реклама

Facebook

Реклама