Поврзи се со нас

Фудбал

„На Манчестер Јунајтед му треба деветка како Халанд, а не Кавани“

Единсон Кавани се очекува да дебитира викендов со дресот на „црвените ѓаволи“.

Тој се префрли во Манмчестер Јунајтед во последните минути од летниот преоден рок.

Но, поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“ Рене Меуленстин смета дека на Јунајтед не му требал 33-годишен играч како Кавани, туку „убиец“ како Ерлинг Халанд.

Санчо беше првиот избор на Оле Гунар Солсјер, но тие немаа доволно пари да го добијат, како што инсистираше Борусија Дормтунд, или 120 милиони евра или играчот нема да си замине.

„На Јунајтед му треба вистински напаѓач, чиста деветка, како Ерлинг Халанд“, рече тој.

„Само погледнете во Баерн Минхен колку е важен напаѓачот за нив. Прашајте ги Тотенхем или Лестер што значи да се има напаѓач“.

„За мене е чудно како напаѓач не бил мета на Јунајтед”.

„Маркус Рашфорд може да игра како напаѓач, но тој не е типичен напаѓач. Ентони Марсијал може да постигнува голови, но тој не е стрелец на голови“.

„Сега Единсон Кавани е купен, но мислам дека Манчестер Јунајтед не требаше да бара 33-годишен играч на последниот ден од преодниот рок“, додаде тој.

„Кавани има фантастична статистика во однос на головите, но тој не знае ништо за Премиер лигата. Се надевам дека брзо се прилагодува и носи резултати“, заврши Меуленстин.

Advertisement