Поврзи се со нас

Фудбал

На Наполи му се одзема бод, ќе се игра ли нов натпревар со Јувентус?

Јувентус и Наполи не го одиграа својот натпревар во Серија А минатиот викенд.

Фудбалерите на Наполи не пристигнаа во Торино поради случаи на инфекција со коронавирус, а тимот од Торино излезе на терен и го следеше протоколот утврден од управата на Серија А.

Така, според правилата, Јувентус треба да го добие натпреварот со 3:0, но според информациите дадени од „Кориере дела сера“, натпреварот сепак треба да се игра.

После бројните притисоци, управата на Серија А наводно попуштила, а сепак решила натпреварот да се игра на нов термин, на 13 јануари.

Сепак, Наполи нема да остане неказнет затоа што не дојде во Торино. Треба да им се одземе еден бод и тоа може да биде казната што ќе ја снајде оваа екипа.

Јувентус сигурно ќе се жали на оваа одлука и ќе видиме која ќе биде конечната одлука.

Advertisement

Facebook

Реклама