На навивачите на Барселона никогаш не им било потешко да видат фотографија од Пеп Гвардиола

Фудбалската јавност со денови зборува дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона ова лето.
Пред неколку дена, Меси им достави факс на челниците на клубот во кое официјално побара да го напушти клубот, што ги шокираше навивачите. Аргентинецот е незадоволен од работата на челниците на клубот, а откако тие не дадоа оставка, тој одлучи дека е најдобро за него да замине.
Фановите на Барселона сè уште не можат да веруваат дека Меси сака да ја напушти Барселона и се обидуваат на секој начин да му дадат до знаење на претседателот Бартомеу дека тој е тој што треба да го напушти клубот.
Но, Бартомеу сепак одбива да си даде оставка и се чини дека заминувањето на Меси е прашање на време. Исто така, ако навистина ја напушти Барса, јасно е дека тој најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Сити, кај поранешниот тренер Пеп Гвардиола.
Токму Гвардиола се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност затоа што вчера пристигна во Барселона. Тој вечераше со своето семејство во еден од рестораните во Барселона и тоа предизвика лавина шпекулации.
Многу медиуми објавија дека Гвардиола навистина дошол да разговара со Меси и да го увери дека треба да дојде во Манчестер Сити. Барса ќе ги започне подготовките за новата сезона в понеделник, а доколку Меси не е на тренинзи, тогаш е јасен знак дека тој навистина заминува.



