SportM
Фудбал

На Пјаниќ нема да му се допадне најавата за Ел Класико

Д М23 окт 2020
На Пјаниќ нема да му се допадне најавата за Ел Класико

Миралем Пјаниќ конечно играше од првата минута за Барселона.

Тоа се случи во средата во Лигата на шампионите кога Каталонците беа домаќини на унгарски Ференцварош, и заврши 5:1.

Пјаниќ помина 76 минути на теренот, а според каталонски „Спорт“, тешко дека ќе игра на големото дерби против Реал Мадрид викендов.

 „Бускетс е осигурување за Куман, а покрај него ќе биде Френки Де Јонг. Тука е и Миралем Пјаниќ, но тој е третата опција. Тој сè уште не е во најдобра форма и тешко може да ги претстави барањата на Ел Класико “, пишува „Спорт“.

Големото дерби ќе се игра во сабота, а во овој весник се наведува дека Барса ќе игра тактика 4-2-3-1, а Лионел Меси ќе игра улога на лажна „деветка“.

Куман е среќен со враќањето на Жорди Алба и се чини дека нема многу сомнежи за составот во сабота.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.