На седум играчи на Барселона им истекува договорот во јуни, а клупските челници имаат само еден приоритет

Приоритет на Барселона е обновувањето на договорот со Усман Дембеле, кој е врзан за клубот до летото 2024 година, но дури на седум од нив актуелните договори им завршуваат во летото 2023 година.
Минатото лето Дембеле го продолжи договорот на уште две сезони, а со одличните настапи во последно време ги натера челниците да ги забрзаат работите и да одработат нов договор.
Но, покрај него, управата на клубот ќе има полни раце работа поради договорите на седум играчи кои се таму до летото 2023 година.
Серхио Бускетс, Мемфис Депај, Серхи Роберто, Маркос Алонсо, Хектор Белерин и голманите Ињаки Пења и Арнау Тенас се слободни играчи од летото и клубот ќе мора да работи на нивните договори доколку има намера да ги задржи, а некои од нив oчигледно дека не сака да ги загуби.
Веќе е сигурно дека искусниот Бускетс е подготвен да замине во САД, а во МЛС би можел да замине и Серхи Роберто, додека Депај е уште еден од оние на кои клубот не смета во иднина, барем во овој момент.
Што се однесува до Белерин и Алонсо, на клубот му останува уште една сезона да видиме какви ќе бидат резултатите и врз основа на тоа ќе донесат одлука, додека сигурно би сакале да ги задржат споменатите голмани во ростерот за да бидат таму кога треба да застанат на голот.
Најдолги договори во актуелниот ростер на Барселона имаат Кунде, Рафиња, Ансу Фати и Феран Торес. Сите тие се обврзани со договори до летото 2027 година. Една година претходно завршуваат договорите на Левандовски, Пабло Торе, Де Јонг, Кесие, Педри, Кристенсен, Араухо и Ерик Гарсија.
Каталонскиот клуб зад себе имаше турбулентна сезона, но претходното лето и бројните засилувања го вратија тимот на врвот. Тимот на Чави моментално има 16 бодови и е непоразен по шест кола. Реал Мадрид е напред со максимални 18 бодови.
Во ова седмо коло, кое стартува вечерва, Барселона и гостува на Мајорка и тој меч е закажан за сабота навечер од 21 часот, додека ден подоцна со истиот старт ќе се сретнат Реал Мадрид и Осасуна.
Според се што е прикажано, ова ќе биде сезона во која битката за шампионската титула во Ла Лига ќе ја водат исклучиво двата најголеми клуба – Реал Мадрид како актуелен шампион и Барселона, која конечно се разбуди и започна на истиот пат по кој беше пред неколку години.



