SportM
Фудбал

На шест играчи им истекуваат договорите, позната судбина на Кристијано Роналдо

Д М11 сеп 2022
На шест играчи им истекуваат договорите, позната судбина на Кристијано Роналдо

По катастрофалниот старт на сезоната, тимот на Манчестер Јунајтед во последно време игра се подобро и подобро во домашниот шампионат.

 

Домашниот пораз во мечот од Еврипа лигата против Реал Сосиедад малку го расипа впечатокот, но сигурно е дека тоа нема толку да го загрижи тренерот на Манчестер Јунајтед.

 

Сигурно по претходните натпревари Тен Хаг има многу појасна слика кога се во прашање можностите на секој фудбалер во тимот.

Договорот на шестмината истекува на крајот на сезоната, а веќе во јануари ќе можат да започнат преговори со други клубови.

 

Станува збор за Давид Де Геа, Лук Шо и Далот, Фред, Рашфорд и еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо.

 

Од неговото враќање во Манчестер Јунајтед, Роналдо не игра на своето ниво, а оваа сезона нема апсолутно никаков ефект.

 

Така тој го загуби местото како стартер во тимот на Манчестер Јунајтед, а речиси сигурно е дека ќе го напушти клубот во јануари.

 

Пред неколку недели одличниот фудбалер се обиде да изнуди да си замине од сегашниот клуб, но не успеа.

 

Сепак, тешко дека ќе го гледаме уште многу подолго во Манчестер Јунајтед и прашање е само каде ќе ја продолжи кариерата.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.