На Симеоне му камен од срцето: Облак и Трипие играат против Барселона
Д М19 ное 2020

Атлетико Мадрид викендов ќе го одигра мечот од шпанското првенство против Барселона.
По репрезентативната пауза тие ќе бидат многу послаби поради повреди, но и играчи кои се позитивни на коронавирус.
Така, тој нема да ги има Луис Сураез, Тореира и Ерера, а на Симеоне му падна камен од срце кога дозна дека ќе може да смета на Облак и Трипие.
Двајцата беа под прашалник, но сепак ќе играат на мечот со Барселона, и тоа е многу важна работа за тренерот на Атлетико Мадрид.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



