На спортистите во Париз поделени 240.000 кондоми
Редакција27 јул 2024
На олимписките спортисти во Париз им се поделени околу 240.000 кондоми, што претставува големо задоволство за нивниот добавувач во Алзас, североисточна Франција. Оваа бројка ја рангира Париз, познат како град на љубовта, веднаш зад Рио де Жанеиро по бројот на дистрибуирани кондоми за Олимписките игри.
Кутиите со кондоми содржат пораки за превенција од сексуално преносливи болести, како и слика од маскотата на Олимписките игри. Компанијата истакнува дека на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година биле поделени повеќе кондоми отколку во Париз, вкупно 450.000, додека на Олимписките игри во Лондон во 2012 година биле дистрибуирани 170.000 кондоми.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



