На стадионите во Бундеслигата планирано е да бидат вкупно 239 лица

Од 11 март не се игра фудбал во Германија, но планот е да се започнат шампионатите повторно во мај.
Бундеслигата е суспендирана до 30 април, по што челниците на Германската фудбалска федерација треба да одлучат кога натпреварите ќе продолжат.
Штом се исполнат условите, Германците планираат да ги продолжат своите фудбалски активности, а „Билд“ пренесува дека ќе се игра без публика и вкупно ќе има 239 луѓе на стадионот.
Ќе има 126 луѓе на и околу теренот, а тоа се фудбалери, тренери, медицински персонал, фоторепортери, сниматели и момчиња кои собираат топки. Наместо 12, како и досега, ќе има само четири собирачи на топки.
На трибините би имало уште 113 новинари и обезбедување во помал број од вообичаеното и по осум лидери на клубовите, а планот не е да се дозволи присуство на ВИП гости и вработени во клубови кои немаат важна функција.
Исто така, околу стадионот ќе има 50 припадници на обезбедувањето.



