SportM
Фудбал

На Стемфорд Бриџ во 21. минута се случи несекојдневна сцена

Д М14 сеп 2022
На Стемфорд Бриџ во 21. минута се случи несекојдневна сцена

Лондонски Челзи на „Стемфорд Бриџ“ го угости Салцбург од Австрија во 2. коло од Лигата на шампионите.

Ова е прв меч на клупата на „сините“ за новиот менаџер Греам Потер, кој минатата недела го замени Томас Тухел.

Германскиот стручњак беше отпуштен по неочекуваниот пораз од Динамо во Загреб. Неговото место го зазеде Потер, но навивачите на Челзи никогаш нема да заборават што направи Тухел за нивниот клуб.

Овој 49-годишен тренер го предводеше Челзи до титулата европски првак во 2021 година. Го победија Манчестер Сити со 1:0 и направија огромно изненадување.

Навивачите на Челзи вечерва решија да искажат почит кон поранешниот менаџер на нивниот тим. Тие со овации го поздравија Тухел во 21. минута од натпреварот и му се заблагодарија за се што направи.

Иако го нема на трибините, германскиот специјалист сигурно ќе се израдува кога ќе ги види овие сцени од лондонскиот стадион на кој работеше претходната година и половина.

Тухел ги предводеше сините на точно 100 натпревари. Оствари учинок од 60 победи, 24 нерешени и 16 порази.

https://twitter.com/iiSaud9_/status/1570132887885971456?

Покрај трофејот во Лигата на шампионите, Германецот со англискиот гигант ги однесе и трофејот за победник на Суперкупот на УЕФА и клупското светско првенство.

Греам Потер има навистина тешка задача да го замени Тухел. Тој доаѓа од мал клуб (Брајтон) и никогаш немал шанса да работи под огромен притисок.

Тухел се уште не е поврзан со нова работа, но нема сомнеж дека лесно ќе најде нова работа.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.