SportM
Фудбал

На Твитер објавена листа што Мбапе бара од ПСЖ- се огласи и играчот

Д М12 јун 2019
На Твитер објавена листа што Мбапе бара од ПСЖ- се огласи и играчот

Килиан Мбапе е постојано поврзан со трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид.

Наводно, 20-годишниот напаѓач е незадоволен во редовите на францускиот шампион и размислува за да оди.

Некои француски медиуми објавија дека Мбапе, постави листа на барања до клубот, а еден профил на Твитер одлучи тоа да го сподели јавно.

Тие на својот профил го наведоа списокот на барања кои ги бара фантастичниот фудбалер од ПСЖ, но не мислеа дека Мбапе ќе се огласи.

Наводно барањата беа:

– Мора да биде загарантирано место на врвот на нападот наместо крилна позиција.

– Мора да ги изведува пеналите.

– Мора да има повисок процент на заработка од користење на неговиот лик и име.

Потоа одговори Мбапе и со насмевка напиша:

„Извинете, нешто заборавивте, Килиан Мбапе сака да биде голман, лажна вест“, напиша Мбапе.

Мбапе има навистина спектакуларна сезона зад себе. Беше првото име на парискиот клуб и до крајот на сезоната тој се бореше за Златната копачка, која подоцна отиде во рацете на Лионел Меси.

Мбапе одигра вкупно 43 натпревари за ПСЖ, постигна 39 гола и 17 асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.