SportM
Фудбал

На Жоргињо му истекува договорот, Њукасл веќе преговара, Челзи е слаб

Д М28 дек 2022
На Жоргињо му истекува договорот, Њукасл веќе преговара, Челзи е слаб

Фудбалерот на Челзи и италијански репрезентативец Жоржињо би можел кариерата да ја продолжи во Њукасл, пренесуваат британските медиуми.

Жоргињо (31) има договор со Челзи до крајот на сезоната, а веќе во јануари може да преговара со други клубови. Британските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Челзи, Греам Потер, планира во лондонскиот клуб да го доведе Аргентинецот Енцо Фернандез, кој би бил замена за италијанскиот репрезентативец.

Челниците на Њукасл наводно веќе стапиле во контакт со раководните лица на Жоргињо, кој сака да ја смени средината. Тој во Челзи пристигна пред четири години од Наполи за 57 милиони евра. За лондонскиот клуб одигра 208 натпревари и постигна 29 гола со девет асистенции.

„Трансфермаркт“ тврди дека Жоргињо на фудбалскиот пазар вреди околу 35 милиони евра. Британските медиуми тврдат дека Њукасл моментално е најбогатиот клуб во светот. Њукасл моментално е на второто место на табелата во Премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.