SportM
Фудбал

Нагелсман, младиот Мурињо е најмладиот тренер кој го помина плејофот во ЛШ

Д М11 мар 2020
Нагелсман, младиот Мурињо е најмладиот тренер кој го помина плејофот во ЛШ

Јулијан Нагелсман, тренерот на германскиот клуб Лајпциг стана најмладиот тренер во историјата на Лигата на шампионите кој ја помина првата рунда од плејофот. Нагелсман го предводеше Лајпциг до четвртфиналето со наполнети 32 години и 231 ден.

За разлика од него, Мурињо трет пат во низа не го помина осминафиналето. Неговиот Тотенхем синоќа загуби од Лајпциг со 3:0 и не успеа да влезе во четвртфиналето.

Претходно, под водство на Португалецот во сезоната 2014/15 Челзи загуби од ПСЖ, а во сезоната 2017/18 Манчестер јунајтед беше елиминиран од Севиља.

Иначе, Јулијан Нагелсман поради амбициите го викаат младиот Мурињо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.