SportM
Фудбал

Нагелсман не е добро и нема да биде на клупата на Баерн вечерва

Д М20 окт 2021
Нагелсман не е добро и нема да биде на клупата на Баерн вечерва

Јулијан Нагелсман (34) нема да го предводи Баерн на натпреварот од ЛШ против Бенфика.

Според весникот „Билд“, 34-годишниот стручњак не се чувствува добро пред натпреварот во Лисабон и нема да биде на клупата на вечерашниот натпревар.

Нагелсман нема да се појави ниту на стадионот, но во моментов не се знае што се случува со големиот стручњак.

Треба да се напомене дека баварскиот гигант се уште официјално не се огласил.

Нагелсман е на клупата на Баерн од ова лето. Тој го предводеше тимот на 12 натпревари и има ефект од 10 победи, и едно реми и еден пораз.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.