Connect with us

Фудбал

Нагелсман прв пик на Баерн Минхен?!

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман е главен кандидат за тренерското место во Баерн, пренесува „Билд“.

Според германскиот весник, спортскиот директор на тимот од Минхен, Макс Еберл, го гледа 36-годишниот Германец како главна замена за Томас Тухел, кој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Нагелсман го водеше Баерн од 2021 до 2023 година. По неговото заминување тој стана селектор на германската репрезентација.

Претходно во германските медиуми се шпекулираше дека кандидати за замена на Тухел се Оле Гунар Солскјер, Чаби Алонсо и Зинедин Зидан.

Advertisement