SportM
Фудбал

Нагелсман се откажа од Челзи, во Лондон бираат меѓу искуство и младост!

Д М21 апр 2023
Нагелсман се откажа од Челзи, во Лондон бираат меѓу искуство и младост!

Нема да му биде лесно на Челзи под сопственост на Тод Боели, јасно им е на навивачите кои се разочарани од состојбата на клубот.

По оставката на Греам Потер, тимот го презеде Френк Лампард, кој во моментов не покажа дека може да биде долгорочно решение, па раководството на клубот интензивно преговара со тренерите кои ќе го преземат тимот следната сезона.

„Гардијан“ денеска објави дека Џулијан Нагелсман се откажал од преговорите со „сините“, и дека летово нема да биде на клупата на првиот тим.

Причината за ваквата одлука на Германецот не е позната, па по крајот на разговорот со Луис Енрике останаа само две опции.

Првиот е Маурисио Покетино, кој е и фаворит за преземање на Челзи, Аргентинецот е без работа откако си замина од Пари Сен Жермен, а во Премиер лигата веќе ги водеше Саутемптон и Тотенхем со кои постигна одлични резултати.

Друга опција е Винсент Компани, легендата на Манчестер Сити, кој импресионираше со своите тренерски способности во Чемпионшип, каде што го води Барнли, кој наскоро треба да се промовира во Премиер лигата.

Избор помеѓу искуство и перспектива, освен ако трета страна не влезе во целата приказна…

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.