Најатрактивната фудбалерка има ново момче, фудбалер, но и ѕвезда од реално шоу (ФОТО)
Редакција22 јан 2026

Најатрактивната и најпозната фудбалерка во светот, Алишa Леман, објави фотографии за роденден и откри дека има ново момче. Избраник на нејзиното срце е Монтел Мекензи, англиски фудбалер и ТВ личност.
Монтел Мекензи игра на позиција десен бек во пониските лиги на англискиот фудбал, од летото е во Фолкестон, кој е во седмата лига. Популарност стекна преку учество во реалити-шоу, а две сезони беше учесник во популарниот англиски реалити „Love Island“.
Активен е и на социјалните мрежи, каде го следат 116.000 луѓе. Сепак, според стандардите на Алишa Леман, швајцарската фудбалерка која веројатно е најпопуларната фудбалерка во светот со скоро 16 милиони следбеници, ова е буквално седма лига.

Сподели
Поврзани вести

Косата како „тајно оружје“, изнуди два црвени картони бидејќи го влечеа за долгата коса (ВИДЕО)

Неверојатно: На Икарди му е суспендирана возачката дозвола до 2099 година, може да се врати зад воланот на 105 години

Сакав да се чувствувам секси – Британска атлетичарка го привлече вниманието со необичен костим! (ВИДЕО)
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.
