Најдобар роденденски подарок: Ериксен заигра по осум месеци

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен играше еден час за својот нов клуб Брентфорд на пријателски натпревар зад затворени врати, што е негов прв натпревар по пауза поради проблеми со срцето.
Ериксен беше надвор од терените осум месеци по колабирањето на натпреварот од ЕП меѓу Данска и Финска во Копенхаген, а прашање беше дали некогаш повторно ќе игра фудбал.
Тој постигна гол во понеделникот, а Брентфорд го победи Саутенд Јунајтед со 3-2.
Тоа беше најубавиот роденденски подарок за данскиот репрезентативец кој денеска наполни 30 години.
Поранешниот играч на Тотенхем го засили Брентфорд во јануарскиот преоден рок откако претходно го раскина договорот со Интер.
Вграден дефибрилатор (ICD) беше инсталиран во Ериксен по натпреварот со Финска на 12 јуни 2021 година. Договорот на Ериксен со Интер беше раскинат со договор во декември бидејќи играчите кои имаат ICD не можат да се натпреваруваат во Серија А. Сепак, Премиер лигата ги нема истите правила.
🎉 Happy birthday @ChrisEriksen8
What a present as well with an hour and an assist on his return to action this afternoon 🙌🙌#BrentfordFC pic.twitter.com/HJXj1Zfah7
— Brentford FC (@BrentfordFC) February 14, 2022



