SportM
Фудбал

„Најдобриот играч со кој некогаш сте играле?“ Бекам одговори без многу размислување

Д М10 јун 2022
„Најдобриот играч со кој некогаш сте играле?“ Бекам одговори без многу размислување

Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам го избра најдобриот соиграч со кој играл.

Англичанецот беше присутен во студиото на SkySports и не се двоумеше кога е во прашање најдобриот соиграч што го имал.

На прашањето на неговиот поранешен колега од Манчестер Јунајтед, Гери Невил, Дејвид Бекам го прогласи за најдобар соиграч.

„Покрај тебе, фудбалерот со кој најмногу играв беше Зинедин Зидан. Тој е најдобар“, рекол Бекам, пренесува Мирор.

Двајцата играа заедно во Реал Мадрид помеѓу 2003 и 2006 година.

Бекам во својата историја имал соиграчи кои пишувале страници за фудбалска историја како Ерик Кантона, Рајан Гигс, Пол Сколс во Манчестер Јунајтед, Роналдо, Фиго или Раул во Реал Мадрид и Роналдињо и Ибрахимовиќ Милан, но изборот паднал на легендарниот Зидан. .

Да потсетиме, Бекам по фудбалската кариера влезе во бизнисот со вода и му оди многу добро.

https://youtu.be/1uOGtz2JUoA

Уште како фудбалер, Дејвид Бекам високо го ценел и градел својот имиџ, кој му донесе бројни и финансиски важни договори.

Британецот продолжи да се занимава и по пензионирањето, а сега има богатство проценето на 500 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.