SportM
Фудбал

Најголемата „бомба“ од јануарскиот рок подготвена за самиот крај?

Д М31 јан 2022
Најголемата „бомба“ од јануарскиот рок подготвена за самиот крај?

Шпанските медиуми објавија дека Јаник Караско би можел да го напушти Атлетико Мадрид во последниот ден од зимскиот преоден рок.

Караско оваа сезона пружа одлични партии за Атлетико Мадрид и игра во многу добра форма, поради што многумина се изненадени од шпекулациите дека Белгиецот би можел да го напушти овој клуб.

Медиумите во Шпанија утрово објавија дека Караско би можел да ја продолжи кариерата во Англија и дека голем интерес за него покажале Тотенхем и Њукасл.

Според мадридски АС, овие клубови се подготвени дури и да ја активираат неговата откупна клаузула од 60 милиони евра за да избегнат преговори со Атлетико Мадрид.

Наводно, двата клуба се во контакт со неговиот агент Пини Захави, и се обидуваат да ги понудат најдобрите можни услови. Предност има Њукасл кој му нуди огромни пари на Караско, но прашање е дали ќе успеат да го убедат.

Тотенхем му нуди нешто помалку пари, но се надеваат дека тоа ќе биде доволно. Преговорите се во тек и нема многу време за размислување, па Караско ќе мора да донесе одлука во наредните часови.

Атлетико се надева дека ќе ги одбие овие понуди и ќе остане во тимот со кој има договор до летото 2024 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.