SportM
Фудбал

Најголемата фудбалска „романса“: Познато е кој соиграч Модриќ прв го прегрнал по крајот на финалето (ВИДЕО)

Д М29 мај 2022
Најголемата фудбалска „романса“: Познато е кој соиграч Модриќ прв го прегрнал по крајот на финалето (ВИДЕО)

Реал Мадрид синоќа успеа да победи во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул со 1:0.

Во неверојатната сезона, кралскиот клуб успеа да ја освои Лигата на шампионите по 14-ти пат во својата историја, иако тоа никој не го предвидуваше пред почетокот на сезоната.

Реал одигра нереална нокаут фаза и три пати беше на прагот на испаѓање, а на крајот стигна до финалето и го освои ова натпреварување.

Откако судијата го досуди крајот, гледавме голема прослава на играчите и навивачите на Реал Мадрид на стадионот во Париз. Некои играчи на Реал ја освоија Лигата на шампионите по петти пат со овој клуб за само осум години, што е навистина неверојатно.

Тука се издвојуваат Тони Крос и Лука Модриќ, кои десет години се впечатлив тандем во средниот ред.

Дека се големи пријатели и одлични соиграчи покажаа и по натпреварот. Модриќ само што истрча прв до Крос за да слави со него освојување на уште една Лига на шампиони, а шпанските медиуми овој тандем го прогласија за најголема фудбалска „романса“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.