Најголемиот непријател на Барселона е главниот виновник што Дембеле нема да го продолжи договорот

Усман Дембеле одлучи да не го продолжи договорот со Барселона.
Дембеле има договор со каталонскиот клуб до крајот на оваа сезона, а на лето ќе има право без обештетување да си замине од Камп Ноу.
Францускиот репрезентативец од следната недела ќе има право да преговара со други клубови, па дури и да се договори и јавно да го објави.
Иако се чинеше дека може да остане во Барселона и на крајот да го потпише договорот, повторно дојде до пресврт. Дембеле ја одби понудата на Барса и рече дека ќе остане само доколку ги исполнат условите што ги побара.
Наводно, Дембеле сака дури 40 милиони евра по сезона, кои Барселона едноставно не може да ги исполни поради сите финансиски проблеми.
Сепак, утринава се појавија нови информации за договорот на Дембеле, а Мундо Депортиво тврди дека зад се стои „најголемиот непријател“ на Барселона.
Мундо Депортиво објави дека ПСЖ и уништил се на Барселона бидејќи неодамна го контактирале Дембеле и му понудиле огромни пари за да дојде во Париз на лето. Наводно тие се многу блиску до договор и Дембеле од лето ќе го гледаме во дресот на ПСЖ.
ПСЖ и Барселона веќе неколку години немаат најдобри односи, а францускиот клуб во последните години им зададе неколку навистина жестоки удари на Каталонците. Се чини дека Дембеле може да биде само продолжение на таа приказна.



