SportM
Фудбал

Најголемото напаѓачко промашување во историјата на фудбалот, на 30 натпревари не успеа да постигне гол

Д М31 мај 2021
Најголемото напаѓачко промашување во историјата на фудбалот, на 30 натпревари не успеа да постигне гол

Напаѓачот Ријан Брустер (21) важеше за еден од најголемите таленти во англискиот фудбал.

Споменатиот фудбалер ги помина младинските селекции на Ливерпул, а пред почетокот на минатата сезона, Шефилд Јунајтед го купи за 23 милиони евра и ќе испадне дека е најголемиот неуспех во историјата на фудбалот.

Имено, Брустер оваа сезона одигра 30 натпревари за Шефилд и верувале или не, иако е напаѓач, на 30 натпревари тој не забележа ни гол ни асистенција, што е неверојатно.

Шефилд е исфрлен од Премиер лигата, Брустер има договор до 2025 година и ќе видиме дали ќе му го доверат нападот и во Чемпионшип.

Англичаните веќе го исмеваат на социјалните мрежи, а оваа информација сигурно ќе ја обележи неговата кариера, без разлика како ќе се развива понатаму.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.