Најк му го зададе последниот удар на Челзи: Овој пад на сините тешко се запира

Челзи има супербогат договор со американската компанија Најк, но последните случувања околу лондонскиот клуб веројатно ќе доведат до остар пресврт.
Адидас беше спонзор на сините од западниот дел на Лондон до 2016 година, по што Челзи падна во рацете на Најк, што Роман Абрамовиќ едноставно не можеше да го одбие. Беше потпишан 15-годишен договор, а тоа на сините им донесе неверојатни 900 милиони фунти.
Марина Грановскаја, директорката на Челзи, тогаш изјави дека е среќна за „едно прекрасно пријателство“: „Ова е неверојатно возбудлив и важен договор за нашиот клуб!“.
Сега доаѓа многу лошата вест за актуелниот европски првак. Имено, американската компанија размислува да го раскине 15-годишниот договор со Челзи, што би значело загуба од околу 540 милиони фунти за клубот.
Ова доаѓа по одлуката на британската влада за санкции за сопственикот Роман Абрамович, па имотот во сопственост на рускиот тајкун е замрзнат, вклучувајќи го и Челзи, кој се обидуваше да го продаде последните денови.
Абрамович не може да продава имот или друг вид на купување на Островот, па продажбата на Челзи е стопирана, а Телеграф претходно вчера објави дека гостувањето кај Лил во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите е под знак прашалник.
Клубот не може да потпишува нови договори или да носи нови играчи, па дури и да продава билети за своите натпревари на Стемфорд Бриџ, па поради војната во Украина е во целосен колапс, а овој познат и култен клуб не е ниту виновен, ниту должен да ги чувствува големите последици од режимот на рускиот претседател Владимир Путин.



