SportM
Фудбал

Најлудата приказна летово: Барселона сака играч кој сите го исмеваат, а потегот на Јунајтед никој не го очекуваше

Д М27 јун 2022
Најлудата приказна летово: Барселона сака играч кој сите го исмеваат, а потегот на Јунајтед никој не го очекуваше

Манчестер Јунајтед сè уште не се откажал од Френки де Јонг иако Барселона не се откажува кога е цената во прашање.

Каталонскиот клуб бара „црвените ѓаволи“ веднаш да платат 80 милиони евра за Холанѓанецот и одредени бонуси доколку Де Јонг е стандарден во тимот. Но, во Јунајтед се обидуваат да ја намалат цената, но не им оди најдобро.

Пред неколку дена се појави информација дека Барселона ќе биде заинтересирана за Јунајтед да вклучи и еден од нивните играчи во овој трансфер, но многумина беа изненадени кога се појави името на Хари Мегваер.

Мегваер имаше сезона како од хорор филмови и стана цел на потсмев на англиската јавност поради своите неверојатни грешки кои ги правеше на натпреварите на Манчестер Јунајтед.

Наводно, Барселона побарала од Јунајтед во овој трансфер да го вклучи Мегваер, а за Де Јонг да плати уште 40 милиони евра, но како што пишува Скај Спортс ништо од тоа нема да се случи.

Скај Спорт утрово објави дека Манчестер Јунајтед одбил да го пушти Мегваер и дека тој не е на продажба иако навивачите се надеваат дека ќе го напуштат Олд Трафорд ова лето.

Многумина не ни веруваа дека Барса го сака овој играч и веруваат дека Јунајтед направи голема грешка што не го пушти да си оди бидејќи јасно е дека Мегваер не е баш калибар за клуб како „црвените ѓаволи“.

Но, Јунајтед одби да му дозволи на Мегваер да биде дел од трансферот, а Барселона тогаш јасно им кажа дека мора да плати 80 милиони евра за Де Јонг или нема да има ништо од зделката.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.