Најновите тестови за коронавирус ја потресоа Сампдорија!

Во текот на неделата, играчите во Серија А, барем оние во Италија, се изложени на тестирање на коронавирус.
Пред да се вратат во индивидуалниот тренинг камп за обука според протоколот, играчите на 20 клуба од Серија А мораа да го поминат задолжителниот тест за Ковид-19.
После тестирањето, Сампдорија потврди дека дури четири фудбалери од клубот од Џенова во моментов се заразени. Тројцата се позитивни за прв пат, додека еден од играчите е повторно позитивен, откако претходно беше излечен.
Тие изјавија дека заразените играчи воопшто немаат никакви симптоми и дека веќе се во карантин и ќе се следат на дневна основа.
Патем, на почетокот на пандемијата, вкупно пет играчи на Сампдорија биле заразени со коронавирусот. На Ковид-19 беа позитивни Маноло Габијадини, Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина и Мортен Торзби.



