Најскапиот голман во историјата конечно најде клуб во кој ќе ја оживее кариерата

Се чини дека Кепа Аризабалага конечно најде клуб во кој ќе ја оживее кариерата.
Голманот кој во 2018 година стана најскапиот голман на сите времиња кога пристигна во Челзи од Атлетик Билбао за неверојатни 80 милиони евра, никогаш не ги оправда вложените пари.
Сезонава неговото место меѓу стативите го зазеде одличниот Едуард Менди, а Шпанецот одигра само седум натпревари, од кои само еден во англиската Премиер лига. На четири успеа да ја зачува својата мрежа.
За заминувањето на Кепа од Стемфорд Бриџ се пишуваше со месеци, а изгледа дека 27-годишниот фудбалер е на прагот да се пресели во Лацио, предводен од неговиот поранешен тренер на Челзи, Маурицио Сари.
Наводно, Челзи е подготвен да го пушти Кепа на позајмица во римски клуб со опција за откуп на договор на крајот на сезоната, а двата клуба заедно би му ја исплатиле плата на шпанскиот голман.
Лацио би го решил проблемот на голманот со неговото доаѓање со оглед на тоа што на крајот од сезоната речиси сигурно клубот ќе го напушти 39-годишниот Пепе Реина.
Да потсетиме, Кепа ја започна кариерата во Билбао, беше во Басконија, се врати во Атлетик, а пред да замине во Англија играше како позајмен во Понферадина и Ваљадолид.
Со Челзи ја освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Суперкупот на УЕФА, а има 11 пријавени настапи за шпанската репрезентација.



