SportM
Фудбал

Најтажната фотографија во историјата на фудбалот

Д М20 сеп 2020
Најтажната фотографија во историјата на фудбалот

Нешто помладите генерации ќе кажат дека Лео Меси и Кристијано Роналдо се најдобри на сите времиња, сепак оние кои пораснале кон крајот на 90-тите нема да се согласат со тоа. Повеќето ќе издвојат едно име – Луис Назарио да Лима Роналдо.

Роналдо за многумина е најдобар фудбалер на сите времиња, но поради огромни проблеми со повредите, тој никогаш не успеа да игра со полн капацитет.

Легендарниот Бразилец овие денови го прослави својот 44-ти роденден, и со право се поставува прашањето каде би завршил доколку не претрпеше неколку сериозни повреди како играч на Интер.

https://www.instagram.com/p/CFFUfJijF0M/?utm_source=ig_embed&ig_mid=D7116BD8-C528-472E-A659-F1A5E942BD1F

Сцената кога беше изнесен на носила од теренот е можеби најтажната во историјата на фудбалот, кога издржа само шест минути во полуфиналето од Купот на Италија против Лацио.

Оттогаш тој не е истиот играч. Тој сепак постигна маестрални голови, но загуби од експлозивност што го спречи да стане идеален спој на брзина, сила и вештина.

После тоа, тој успеа да се врати и да го освои Светскиот куп со Бразил во 2002 година, играше добро и во Реал Мадрид, но со текот на времето повредите го направија своето, тој исто така се здебели, па се прости од фудбалот во февруари 2011 година.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.