Connect with us

Други спортови

Најубавата бајка на ОИ: Пристигна во Париз како замена за повреден колега, па го собори рекордот

Етиопјанецот Тамират Тола ја напиша најубавата бајка на Олимписките игри во Париз и со нов олимписки рекорд го освои златниот медал во маратон. Триесет и тригодишниот Тола не се ни пласираше на Олимписките игри, но само две недели пред почетокот на натпреварувањето доби шанса да истрча маратон бидејќи неговиот репрезентативен колега Сисај Лема мораше да го откаже учеството на Париз поради повреда на тетивата.

Тола ја изненади целата конкуренција и се одлепи од водечката група на 30. километар и гордо славеше трчајќи 42 километри за 2 часа, 6 минути и 26 секунди, што е нов олимписки рекорд. Среброто го освои Башир Абди од Белгија (2:06:47), а бронзениот медал го освои Кениецот Бенсон Кипруто (02:07:00 часот). Елиуд Кипчоге, шампионот во Токио и фаворит за медал во Париз, не успеа да ја заврши трката.