SportM
Фудбал

Наместо легнедата тој влезе во игра: Ѕвездата на „YouTube“ и „TikTok“ дебитираше во Ла Лига

Д М5 окт 2021
Наместо легнедата тој влезе во игра: Ѕвездата на „YouTube“ и „TikTok“ дебитираше во Ла Лига

„YouTube“ и „TikTok“ ѕвездата, Педро Бенито (21) дебитираше минатиот викенд во шпанската Ла Лига.

21-годишниот фудбалер е член на Кадиз и влезе во игра против Валенсија (0:0) наместо легендарниот Алваро Негредо.

Шпанскиот фудбалер е син на поранешниот играч на Кадис, Алберт Бенито и е многу популарен на социјалните мрежи.

Го следат 1,4 милиони луѓе на „TikTok“, додека има и 100.000 претплатници на „YouTube“. Неговата популарност може да биде уште поголема по неговото деби во Ла Лига.

 

“Настапот во Примера е сон за секое дете, но да се влезе во игра наместо еден од идолите е необјасниво. Благодарам на сите што ме следеа на ова патување. Сонот е исполнет, но не сакам да застанам таму“, рече Педро Бенито.

Овој фудбалер зад себе има навистина интересна кариера. Тој беше член на Алмерија, кипарска Анортозис, Свонси.

Тој извесно време играше во САД, а неговиот сон отсекогаш бил да игра во дресот на Кадиз.

На крајот, тој сон се оствари, и ќе видиме како понатаму ќе се развива неговата кариера.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.