SportM
Фудбал

Напаѓачкото трио на Јунајтед оваа сезона има повеќе голови од она на Ливерпул

Д М16 јан 2020
Напаѓачкото трио на Јунајтед оваа сезона има повеќе голови од она на Ливерпул

Соработката помеѓу тројцата напаѓачи на Ливерпул се смета за едно од најдоброто напаѓачко трио во светот. Сепак, триото на Манчестер Јунајтед придонесе повеќе голови од тоа на Ливерпул, оваа сезона.

Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино долго ќе бидат запаметени од навивачите на Ливерпул како дел од напаѓачката фаза, поради настапите и достигнувањата на Ливерпул кој Јирген Клоп ги обезбеди со нив во составот.

Сепак, додека Ливерпул одбележува историска пресвртница во Премиер лигата, ова трио – споредено со МСН на Барселона (Меси, Суарез, Нејмар) – не беа толку импресивни со статистиката како што беа претходните години.

Ливерпул победи на натпреварите оваа сезона со помалку голови од минатата сезона, со што Салах, Мане и Фирмино статистички не беа пред своите противници.

Всушност, напаѓачкото трио на Манчестер Јунајтед – Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал и Мејсон Гринвуд – постигнаа повеќе голови оваа сезона, на сите натпреварувања.

Салах (14), Мане (15) и Фирмино (9), вкупно имаат постигнато 38 погодоци за Ливерпул оваа сезона, додека Рашфорд (19), Марсијал (11) и Гринвуд (9), вкупно имаат постигнато 39.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.