Наполи ги насочува погледите кон Премиер Лига, бара напаѓачи кои се вишок во своите тимови

Наполи е во потрага по нов напаѓач и има направено истражувања за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркѕее, оној на Челзи, Николас Џексон и играчот на Арсенал, Габриел Жесус.
Сите тројца овој играчи не се вклучени во плановите на нивните клубови и ќе си заминат од Премиер Лигата. Затоа, во Наполи ги разгледуваат овие опции за да му обезбедат на тренерот Макс Алегри втор напаѓач за новата сезона.
„Скај Спортс Њуз“ потврдува дека Џексон, кој од Челзи е проценет на 65 милиони евра, веројатно ќе замине од Стамфорд Бриџ ова лето. За играчот има интерес и од Астон Вила, што ја зголемува конкуренцијата за Наполи.
Во меѓувреме, постои можност заминувањето на Зиркѕее да му отвори пат на Манчестер Јунајтед за доведување на нов напаѓач во овој преоден рок. Покрај Наполи, за Холанѓанецот има интерес и од Серија А, од Јувентус.



