SportM
Фудбал

Наполи конечно откри дали преговарал со Роналдо

Д М6 сеп 2022
Наполи конечно откри дали преговарал со Роналдо

Наполи оваа сезона игра многу добро во домашната лига, особено ако се земат предвид тимските промени кои се случија.

 

Долго време во последниот месец од преодниот рок се зборуваше за засилувањата кои Наполи сака да ги донесе.

 

Едно од имињата кое долго време се поврзува со Наполи е Кристијано Роналдо, но тој трансфер не се случи.

 

Медиумите веќе подолго време пишуваат, особено италијанските, дека Роналдо е во напредни преговори со Наполи.

 

Фудбалерот не се огласи за тоа, но Наполи ниту ја демантираше ниту ја потврди информацијата.

 

До денес. Токму денеска менаџерот на Наполи, Џунтоли потврди дека немало никаков контакт со напаѓачот од Португалија.

Жал ми е што го кажувам ова, но никогаш немало преговори со Манчестер Јунајтед околу доаѓањето на Кристијано Роналдо“, кратко изјави директорот на Наполи.

 

Роналдо така остана во Манчестер Јунајтед каде се уште добива шанса од клупата и го чека првиот гол, но и првата асистенција сезонава.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.