SportM
Фудбал

Наследникот на Меси одби три големи понуди поради Барселона

Д М22 окт 2021
Наследникот на Меси одби три големи понуди поради Барселона

Ансу Фати потпиша нов договор со Барселона, иако претходно можеше да избира каде ќе ја продолжи кариерата.

Набргу по важната победа над Динамо Киев, Барселона објави дека договорот со талентираниот Фати е продолжен до 2027 година. 18-годишникот се смета за наследник на Лионел Меси.

Тој минатата година беше прекомандуван во првиот тим од Б тимот на Барселона и не му требаше долго време да го покаже својот квалитет. Откако Меси си замина, ја наследи десетката и доби целосна поддршка.

Клаузулата според новиот договор е неверојатна милијарда, што на Барселона и дава гаранција дека ќе го задржи овој играч на долг рок.

Имаше големи понуди од други тимови, а една од нив беше бруто плата од 30 милиони евра, што е двојно повеќе од она што ќе го добие на „Камп Ноу“. Инаку, тимовите што се обидоа да го донесат се Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Ливерпул.

Иако ќе биде под голем притисок поради улогата што му е доделена, Фати изјави дека е среќен, што отсекогаш имал желба да ја води Барселона и верува дека тој и клубот уште долго ќе освојуваат трофеи заедно.

За Барселона оваа сезона одигра пет натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа една асистенција. Тој имаше проблеми со повреди, но сега се врати и навивачите веруваат дека ќе блесне веќе на Ел Класико во недела.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.