Connect with us

Фудбал

Насри знае која е тренерската иднина на ПСЖ

Поранешниот француски репрезентативец Самир Насри смета дека Зинедин Зидан во блиска иднина би можел да го преземе ПСЖ.

Во последно време се почесто се шпекулира за заминување на Маурисио Покетино од ПСЖ, а со овој клуб се поврзуваат и многу тренерски имиња.

Еден од оние кои би можеле да го наследат Покетино е поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, а Насри смета дека тој би бил одличен избор за францускиот тим.

„Не би бил изненаден, не би бил шокиран доколку Зидан дојде на кормилото на ПСЖ. Откако беше тренер на Реал Мадрид, тешко му е да најде подобри опции од Манчестер Сити и ПСЖ. Да не заборавиме дека има многу добри односи со сопствениците на ПСЖ“, истакна Насри.

“Тој успеа да докаже дека е способен да управува со фудбалери со големо его. Тој е првиот тренер кој го убедил Кристијано Роналдо дека треба повремено да одмара. А тој самиот има постигнато многу во фудбалот. Кога човек како Зидан ќе му каже на Мбапе и Нејмар што треба да направат, ќе го слушаат подобро од кој било друг. Покрај тоа, таквото назначување може да помогне да остане Мбапе во тимот“, додаде поранешниот француски репрезентативец.

Да потсетиме, Зидан во два наврати го водеше Реал, а со клубот од Мадрид освои три ЛШ и две шампионски титули. Тој зеде и два трофеи во шпанскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.