Настана хаос: Ед Вудвард поднесе оставка во Манчестер поради Супер лигата, прослава во Лондон

Сега е сè поверојатно дека идејата за Супер лига ќе се распадне.
Челзи први решија да се повлечат од Суперлигата поради големиот притисок и ја подготвија документацијата со цел да го раскинат договорот. Наводно, тие се подготвени и во Манчестер Сити, а се споменува дека и Ливерпул е решен да тргне во таа насока, како и некои други клубови.
Сето ова предизвика тотален хаос, Суперлигата полека се распаѓа, а поради притисокот Ед Вудвард, кого го повика првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, вчера поднесе оставка од функцијата во извршниот одбор на Манчестер Јунајтед.
Вечерва, наводно, ќе се одржи состанок на тимовите кои требаше да играат во Суперлигата, но повеќето од нив веќе одлучија да се повлечат.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека на Собранието на клубот, навивачите ќе одлучат дали клубот ќе прифати настап во Суперлигата или исто така ќе се предомисли. Со оглед на големото незадоволство на навивачите, се чини дека Каталонците исто така одбиваат да играат во новоформираната лига замислена како лига на великани каде парите би биле најважни.
BREAKING: Ed Woodward has resigned as chairman of Manchester United.
Woodward’s decision comes after the backlash over the European Super League.
– talkSPORT sources understand
📻 Listen → https://t.co/VJgUHnqdM1 pic.twitter.com/gNcRfW5xdp
— talkSPORT (@talkSPORT) April 20, 2021
Во меѓувреме, навивачите на Челзи започнаа да го слават своето повлекување од Суперлигата. Тие изразија незадоволство пред мечот со Брајтон затоа што нивниот тим е дел од проектот, но кога ја дознаа веста за напуштањето, започна лудилото во близина на Стемфорд Бриџ …
We saved football #NoToEuropeanSuperLeague pic.twitter.com/kVhUMiOp07
— Riyad.dilhan (@RiyadDilhan) April 20, 2021



