Поврзи се со нас

Фудбал

Натпреварот Англија – Исланд ќе се игра во Албанија?

Доколку е потребно, Албанија стана водечки кандидат за домаќин на натпреварот од Лигата на нации, Англија против Исланд следната среда.

Одигрувањето на натпреварот беше доведено во прашање поради новата забрана на британската влада за посетители од други земји, поточно за оние кои доаѓаат од Данска. Исландските фудбалери требаше да летаат за Велика Британија преку Копенхаген.

На овој начин им е забранет влез во Велика Британија или треба да поминат во карантин. Затоа, доколку забраната остане во сила и англискиот фудбалски сојуз не најде решение во договор со Владата, Албанија понуди да бидат домаќини на двете репрезентации.

Албанците се подготвени Англичаните и Исланѓаните да го одиграат својот натпревар на свое тло, а тоа им го соопштија на Англискиот фудбалски сојуз, па не е исклучено тоа да се случи на крајот.

loading...

Facebook