SportM
Фудбал

Натпреварот од шпанската Ла Лига беше прекинат со дрон, носеше многу силна порака

Д М21 мар 2021
Натпреварот од шпанската Ла Лига беше прекинат со дрон, носеше многу силна порака

Невообичаена ситуација на мечот од Шпанија во Ла Лига меѓу Атлетик Билбао и Еибар, кој заврши со резултат 1:1.

Имено, натпреварот на Сан Мамеш беше прекинат во 68-та минута откако дрон слета на теренот.

Судијата Пизарор Гомез веднаш ја прекина играта, го зеде дронот и со неверување го извади од теренот.

Дронот носеше многу силна порака. На него беше обесено знаме со порака дека Европското првенство не треба да се одржува во Билбао.

Градот од Баскија е еден од планираните организатори на претстојното евро и дали ќе биде така и по оваа порака останува да видиме.

Патем, за среќа на сите присутни, дронот што падна на центарот на теренот не повреди никого и немаше никакво влијание на натпреварот, освен кратка пауза.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.