Connect with us

Фудбал

Наумче Мојсовски не го одобрува однесувањето на македонските навивачи против Бугарија

Министерката за млади и спорт од Бугарија Весела Лечева остварила телефонски разговор со директорот на Агенцијата за млади и спорт на Македонија Наумче Моисовски по повод натпреварот на фудбалските репрезентации на турнирот во Лигата на нации, пренесува SPORTM.mk

Лечева му кажала на својот колега од Македонија дека како министерка и спортистка е револтирана од однесувањето на навивачите на стадионот кои ја исвиркуваа химната на Бугарија.

„Мостовите се градат преку спортот, тој служи за добри цели, во него нема место за политика. Како член на бугарската влада, огорчен сум за она што го видовме. Како поранешен спортист, знам каква чест е да ја слушаш химната на својата земја и колку грдо може да биде да ја навредуваш. Не страдаат само фудбалерите, туку и сите љубители на играта“, рече Лечева во разговорот со Мојсковски и изрази надеж дека спортскиот терен е местото каде што нашите народи треба да градат пријателства, а не непријателство.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт на Македонија, Наумче Моисовски, од своја страна рече дека ниту тој, ниту владата на Македонија не одобруваат такво однесување на спортски настан и целосно го разбираат ставот на бугарската страна.