Connect with us

Фудбал

Навас позитивен на коронавирус

Голманот на Пари Сен Жермен, Кејлор Навас е позитивен на коронавирус, поради што ќе биде изолиран.

Оваа информација ја соопшти францускиот клуб кој изврши стандардно тестирање пред натпреварот со Брест.

„Кејлор Навас утрово беше позитивен на Ковид-19. Тој е ставен во самоизолација и ќе ги следи сите мерки предложени во вакви случаи со здравствениот протокол. Вечерва на натпреварот против Брест ќе биде заменет од Лукас Лавале“ , се наведува во соопштението на клубот.

Натпреварот од 21. коло на француската Лига 1 меѓу ПСЖ и Брест ќе се одигра вечерва на „Паркот на принцовите“.

Реклама

Facebook

Реклама