Навивач го откажа членството затоа што во клубот има премногу африкански играчи, доби брутален одговор!
Д М9 јун 2020

Навивач на германскиот Бундеслигаш, Мајнц се пожали дека има премногу африкански фудбалери во клубот, поради што реши да го прекине членството.
Одговорот на Мајнц беше едноставно совршен, бидејќи тие самите се изненадија од расистичкиот испад на нивниот „навивач“, чиј идентитет е непознат.
„Не секое откажано членство е причина за загриженост – понекогаш тоа е олеснување“, рече Мајнц.
Ужасното тврдење на несреќниот човек кој го откажа своето членство затоа што „имаме премногу Африканци“ беше осуден од многу фанови на тој клуб, како и од вработените кои разбираат дека таквите луѓе немаат место на трибините на својот стадион.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



