SportM
Фудбал

Навивач истрча на теренот и го удри Роналдо, Португалецот за малку ќе возвратеше (ВИДЕО)

Д М12 дек 2019
Навивач истрча на теренот и го удри Роналдо, Португалецот за малку ќе возвратеше (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус остварија победа во 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите, на  гостувањето кај Баер Леверкузен.

Победата беше 2:0, при што Кристијано Роналдо постигна гол во 75. минута и Гонзало Игуаин постигна гол во судиското надополнување.

Сепак, еден интересен и нешто чуден детаљ се случи на крајот од играта, кој многу го налути Роналдо.

Имено, додека се поздравуваше со неговите и играчите на неговите противници, еден навивач истрча на теренот, се чинеше дека сака да се слика со Португалецот.

На крајот, сето тоа се покажа како напад на Роналдо, бидејќи навивачот го фати за вратот и го удри со лактот, по што Роналдо избега и тргна кон него, но сепак се воздржа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.