SportM
Фудбал

Навивач на Реал платил 2.800 евра за да го гледа Ел Класико со својот син, но бил исфрлен од стадионот „Камп Ноу“

Редакција28 окт 2026
Навивач на Реал платил 2.800 евра за да го гледа Ел Класико со својот син, но бил исфрлен од стадионот „Камп Ноу“

Навивач на Реал Мадрид платил 2.800 евра за да го гледа Ел Класико со својот син, но двајцата биле отстранети од трибините на „Камп Ноу“ откако го прославиле голот на Килијан Мбапе.

Словакот Франтишек Ваврек сакал да му подари на синот Денис незаборавно искуство за неговиот 18-ти роденден. Тие биле сместени меѓу навивачите на Барселона, а според тврдењата на таткото, обезбедувањето претходно им забранило да влезат на стадионот со дресови на Реал.

Откако го прославиле голот на Мбапе, околу десетмина припадници на обезбедувањето ги отстраниле од трибините, наведувајќи дека не можат да ја гарантираат нивната безбедност. Интервенирала и полицијата, а преостанатиот дел од натпреварот таткото и синот го следеле на мобилен телефон во такси.

Ваврек побарал враќање на парите за билетите, но засега не добил поврат. Барселона, според медиумските извештаи, сè уште не се изјаснила за случајот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.